• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Во оче­ку­ва­ње на ре­ше­ни­ја за упра­ву­ва­ње на от­па­дот, Те­то­во се да­ви во ѓу­бре

Мо­мент­но­то упра­ву­ва­ње на от­па­дот е во мно­гу ло­ша со­стој­ба по­ра­ди сла­ба­та и не­ор­га­ни­зи­ра­на ин­фра­стру­кту­ра на оп­штин­ски­те вла­сти, по­ра­ди не­до­вол­ни­те ка­па­ци­те­ти на јав­но­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие, но и по­ра­ди тоа што не­ма до­вол­но кон­теј­не­ри за со­би­ра­ње на от­па­дот. Стан­дар­ди­зи­ра­ње­то на ре­ги­о­нал­на­та де­по­ни­ја „Ру­си­но“ трае пре­дол­го. Оп­шти­на Те­то­во тре­ба под ит­но да из­гра­ди цен­тар за ре­цик­ли­ра­ње на от­па­дот, да по­ста­ви по­ве­ќе кон­теј­не­ри со мож­ност за се­па­ра­ци­ја, да ин­ве­сти­ра во по­до­бра и по­е­фи­кас­на ин­фра­стру­кту­ра, но и во во­зи­ла за со­би­ра­ње на от­па­дот – ве­ли Ари­ја­нит Џа­фе­ри од „Еко­ге­ри­ла“

15/03/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Функ­ци­о­ни­ра­ње на ре­ги­о­нал­на­та де­по­ни­ја „Ру­си­но“ ка­де што сме­тот би се тре­ти­рал спо­ред си­те европ­ски стан­дар­ди, со ми­ни­мал­но вли­ја­ние врз жи­вот­на сре­ди­на и чо­ве­ко­во­то здрав­је, е дол­го­роч­но­то и де­це­ни­ско оче­ку­ва­ње на жи­те­ли­те и на прет­став­ни­ци­те на ло­кал­на­та власт во Те­тов­ско, но и во По­ло­шки­от ре­ги­он – ка­ко на­чин да се упра­ву­ва­ат огром­ни­те ко­ли­чи­ни от­пад со кои се со­о­чу­ва­ат се­којд­нев­но.

Освен ка­ко ме­сто ка­де што би се скла­ди­рал смет, спо­ред со­вре­ме­ни­те на­чи­ни, жел­би­те се да има и мож­ност за ре­цик­ли­ра­ње ка­ко нај­е­ко­ло­шки на­чин на упра­ву­ва­ње на от­па­дот. Но, до­де­ка се оче­ку­ва­ат ре­зул­та­ти од оби­ди­те на над­леж­ни­те да ја ста­ват во функ­ци­ја де­по­ни­ја­та во бли­зи­на на се­ло­то Ру­си­но, око­лу Те­то­во и се­ла­та на­се­ка­де има сме­т. Те­тов­ско­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие, но и тие од ру­рал­ни­те оп­шти­ни, не го тре­ти­ра­ат ѓу­бре­то, ту­ку, ед­но­став­но, го чу­ва­ат на не­кое зем­ји­ште и со тоа ја за­га­ду­ва­ат око­ли­на­та. Не­со­вес­ни­те по­стап­ки на дел од гра­ѓа­ни­те се при­чи­на насекаде да има от­па­до­ци – низ град­ски­те сре­ди­ни, но и на тие ме­ста што ва­жат за чи­ста сре­ди­на ка­ко ре­ки­те, зе­ле­ни­те по­ја­си и шу­ми­те.

 

 

От­пад има и кај еко­ло­шко­то па­но со мов

Во ми­на­то­то, те­тов­ски­от от­пад се скла­ди­ра­ше на по­ве­ќе ме­ста. Во 90-ти­те го­ди­ни бе­ше со­би­ран на ло­ка­ци­ја по се­ло­то Фа­ли­ше, на пат кон Стрим­ни­ца. Отка­ко тоа ме­сто се пре­пол­ни и ста­на не­воз­мож­но да се оста­ва нов от­пад, поч­на пра­кти­ка­та сме­тот да се скла­ди­ра на ло­ка­ции што ва­жеа за пре­то­вар­ни ста­ни­ци на ко­му­нал­но­то прет­при­ја­тие. До 2010 го­ди­на пре­то­вар­на­та ста­ни­ца бе­ше кај же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца, а по­тоа и на са­ми­от влез на гра­дот ка­де што се соз­да­ваа де­по­нии со ил­јад­ни­ци то­ни смет. Та­му бе­ше до 2017 го­ди­на, а две го­ди­ни на па­тот кон се­ло­то Тре­бош, по­крај авто­па­тот Те­то­во – Скоп­је.

Зем­ји­ште во ата­рот на се­ло­то Фа­ли­ше, на пат кон Те­то­во, е нај­но­ва­та ло­ка­ци­ја што јав­но­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие од август 2019 го­ди­на ја ко­ри­сти ка­ко пре­то­вар­на ста­ни­ца. Ста­ну­ва збор за про­стор од 3.000 ква­драт­ни ме­три, ме­сто сре­де обра­бот­ли­ва зем­јо­дел­ска по­вр­ши­на на ко­ја се одг­ле­ду­ва­ат раз­ни кул­ту­ри.

Но, сме­тот во Те­тов­ско го не­ма са­мо на ди­ви­те де­по­нии ге­не­ри­ра­ни со не­го­во скла­ди­ра­ње. На­се­ка­де низ гра­дот мо­же да се за­бе­ле­жат фр­ле­ни от­па­до­ци, а по­сто­јат ме­ста ка­ко цр­ни точ­ки што се соз­да­де­ни од не­со­вес­ни­те на­ви­ки и по­стап­ки на гра­ѓа­ни­те. Ед­на од тие е про­сто­рот пред­ви­ден за го­лем кон­теј­нер пред пра­вос­лав­ни­те гро­би­шта ка­де што лу­ѓе од дру­ги де­ло­ви на гра­дот, но и од се­ла­та – оста­ва­ат смет, па ду­ри и ме­бел, апа­ра­ти, ка­ко и гра­де­жен шут. Та­кви ме­ста се и ста­ри­от град­ски ста­ди­он, не­до­гра­де­на­та спорт­ска са­ла кај спорт­ски­от цен­тар, ке­јот и ко­ри­то­то на ре­ка­та Пе­на. Во цен­та­рот на гра­дот ме­ста ка­де што не­со­вес­ни по­е­дин­ци оста­ва­ат смет се под­зем­ни­те скрив­ни­ци и по­дру­ми. Иро­нич­но, гра­ѓа­ни­те фр­ла­ат от­пад и на град­ско­то др­во, од­нос­но еко­ло­шко па­но со мов, кое тре­ба­ше да би­де про­чи­сту­вач на воз­ду­хот.

Не­оп­хо­ден е цен­тар за ре­цик­ли­ра­ње на от­па­дот

Гра­ѓа­ни­те и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции пре­теж­но не се за­до­вол­ни со на­чи­нот на кој се со­би­ра сме­тот и со тоа ка­ко над­леж­ни­те се со­о­чу­ва­ат со овој проб­лем. Че­сти се при­ја­ви­те на „Те­то­во еко­из­ве­штај“ – ин­тер­нет-стра­ни­ца­та за при­ја­ву­ва­ње на не­со­вес­но­то од­не­су­ва­ње на фи­зич­ки и на прав­ни ли­ца што со сво­и­те по­стап­ки ја за­га­ду­ва­ат жи­вот­на­та сре­ди­на. Иа­ко та­му се на­ве­ду­ва де­ка оп­штин­ски­те еко­ло­шки инс­пе­кто­ри ќе ре­а­ги­ра­ат за се­кој слу­чај при­ја­вен од стра­на на гра­ѓа­ни­те, лу­ѓе­то на са­ма­та стра­ни­ца ко­мен­ти­ра­ат де­ка при­ја­ви­ле не­кол­ку па­ти, но не до­би­ле од­го­вор.

– Мо­мент­но­то упра­ву­ва­ње на от­па­дот во Те­то­во е во мно­гу ло­ша со­стој­ба по­ра­ди сла­ба­та и не­ор­га­ни­зи­ра­на ин­фра­стру­кту­ра на оп­штин­ски­те вла­сти, по­ра­ди не­до­вол­ни­те ка­па­ци­те­ти на јав­но­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие, но и по­ра­ди фа­ктот де­ка низ гра­дот не­ма до­вол­но кон­теј­не­ри за со­би­ра­ње на от­па­дот. Од дру­га­та стра­на, стан­дар­ди­зи­ра­ње­то на ре­ги­о­нал­на­та де­по­ни­ја „Ру­си­но“ трае пре­дол­го и ни­кој не знае точ­но да ка­же ко­га ќе за­вр­ши тој про­ект. Оп­шти­на Те­то­во тре­ба под ит­но да из­гра­ди цен­тар за ре­цик­ли­ра­ње на от­па­дот, да по­ста­ви по­ве­ќе кон­теј­не­ри со мож­ност на се­па­ра­ци­ја, да ин­ве­сти­ра во по­до­бра и по­е­фи­кас­на ин­фра­стру­кту­ра, но и во во­зи­ла за со­би­ра­ње на от­па­дот, со што ќе си ја вр­ши сво­ја­та об­вр­ска и, на не­кој на­чин, ќе вли­јае за стан­дар­ди­зи­ра­ње на „Ру­си­но“ – ре­че Ари­ја­нит Џа­фе­ри од ор­га­ни­за­ци­ја­та „Еко­ге­ри­ла“.

Во др­жа­ва­та по­сто­јат и за­ко­ни и стра­те­гии, но, за жал, не се при­ме­ну­ва­ат и спро­ве­ду­ва­ат, ана­ли­зи­ра Ан­то­нио Јо­ва­нов­ски од ор­га­ни­за­ци­ја­та „Гоу грин“. Тој сме­та де­ка ба­рем мал­ку да се при­ка­же ефи­кас­ност во се­лек­ци­ја­та на сме­тот – ќе има ре­зул­та­ти, од­нос­но не­ма да има тол­ку мно­гу фр­лен от­пад, пред сè, од стра­на на гра­ѓа­ни­те.  Иде­ја­та е да  се мо­ти­ви­ра­ат гра­ѓа­ни­те да се­ле­кти­ра­ат смет.

– Гра­ѓа­ни­те тре­ба да се вклу­чат во про­це­сот на упра­ву­ва­ње на от­па­дот. Но, во раз­ви­е­ни­те др­жа­ви тоа им го овоз­мо­жу­ва си­сте­мот, др­жа­ва­та. Сè уште не­ма­ме ми­ни­мал­на при­мар­на се­лек­ци­ја на сме­тот. Има­ме са­мо не­фор­мал­ни со­би­ра­чи, кои ра­бо­тат на дел од сме­тот, а, од дру­га стра­на, има огром­на ко­ли­чи­на смет што за­вр­шу­ва на де­по­ни­и­те и на­се­ка­де има ѓу­бри­шта и ди­ви де­по­нии. За по­че­ток, ние пре­по­ра­чу­ва­ме да има вен­динг-ма­ши­ни ка­де што ќе се оста­ва смет за одре­ден на­до­мест – ве­ли Јо­ва­нов­ски.

Три­ста то­на ѓу­бре во еден ден

Во ко­му­нал­но­то прет­при­ја­тие ве­лат де­ка „во­дат бор­ба“ со гра­ѓа­ни­те за да го со­бе­рат сме­тот низ гра­дот. Нај­го­лем проб­лем за нив се не­со­вес­ни­те по­стап­ки на дел од гра­ѓа­ни­те, ка­ко и огра­ни­че­на­та ме­ха­ни­за­ци­ја и средс­тва за ра­бо­та.


– Проб­ле­ма­тич­но е фр­ла­ње­то смет по­крај кон­теј­не­ри­те, а не вна­тре, ка­ко и оста­ва­ње на цвр­сти­от от­пад ка­ко ме­бел за до­ма­ќинс­тва, са­ни­тар­на опре­ма, гра­деж­ни ма­те­ри­ја­ли, гран­ки од дрв­ја. Овој от­пад, освен што ја за­га­ду­ва жи­вот­на­та сре­ди­на, пре­диз­ви­ку­ва де­фе­кти во ма­ши­ни­те, ги оште­ту­ва кон­теј­не­ри­те и го спре­чу­ва транс­пор­тот на друг от­пад. Ме­сто да го оста­ва­ат во кон­теј­не­ри­те, гра­ѓа­ни­те тре­ба та­кви­от от­пад да го од­не­сат кај но­ва­та пре­то­вар­на ста­ни­ца на па­тот Те­то­во кон Фа­лише – ве­ли ди­ре­кто­рот на те­тов­ско­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие Џе­лал Це­ка.

Спо­ред не­го, за со­би­ра­ње­то на сме­тот се проб­лем ко­ли­чи­ни­те, ка­ко и ус­ло­ви­те за ра­бо­та. – Ако во ја­ну­а­ри, фе­вру­а­ри и во март има 150 до 170 то­ни со­бран смет на ден, по­на­та­му во те­кот на го­ди­на­та број­ка­та рас­те. Во април и во мај се бе­ле­жи зго­ле­му­ва­ње до око­лу 250 то­ни смет, по­ра­ди про­лет­ни­те рас­чи­сту­ва­ња во до­ма­ќинс­тва­та. Од ју­ни до сеп­тем­ври се со­би­ра најм­но­гу од 280 до 300 то­ни на ден со ог­лед на тоа де­ка до­а­ѓа­ат пе­чал­ба­ри­те и та­ка се зго­ле­му­ва бро­јот на лу­ѓе што соз­да­ва­ат и фр­ла­ат смет. Це­на за но­се­ње еден тон смет во „Дрис­ла“ из­не­су­ва 25 евра –  ве­ли Це­ка.

Јав­но­то ко­му­нал­но прет­при­ја­тие Те­то­во низ град­ски­те ули­ци и тие се­ла што при­па­ѓа­ат на оп­шти­на­та има по­ста­ве­но 520 кон­теј­не­ри, 12 го­ле­ми кон­теј­не­ри од по пет то­на, ка­ко и кан­ти по до­ма­ќинс­тва­та.
– Сме­тот се со­би­ра во тре­та сме­на, но во ре­о­ни­те во глав­ни­те ули­ци се оди и два­па­ти,  од­нос­но и во те­кот на де­нот. Во зи­ма ка­ми­о­ни­те не­ка­де не мо­жат да при­стиг­нат по­ра­ди мраз и снег, а во ле­то­то со­о­бра­ќај­ни­от ме­теж е глав­но­то отеж­ну­ва­ње во ра­бо­та­та. Ед­наш не­дел­но, за да се со­бе­ре сме­тот, се оди во се­ла­та при оп­шти­на­та. На По­по­ва Шап­ка два­па­ти, а во се­зо­на – три­па­ти не­дел­но. Има­ме се­дум ре­о­ни, а 235 лу­ѓе ра­бо­тат во од­де­лот за ко­му­нал­на хи­ги­е­на – об­јас­ну­ва ди­ре­кто­рот.

Во ис­че­ку­ва­ње на мер­ки­те за бр­за по­бе­да

Де­вет­те оп­шти­ни од Те­тов­ско и од Го­сти­вар­ско или од По­ло­шки­от план­ски ре­ги­он, се­га се дел од про­ект за ре­ги­о­нал­но упра­ву­ва­ње цврст от­пад на це­ло­то по­драч­је, со цел да го по­до­бри ор­га­ни­зи­ра­ње­то на ре­ги­о­нал­ни­от и на ло­кал­ни­от си­стем за упра­ву­ва­ње от­пад и да обез­бе­ди мо­дер­но ре­ше­ние за упра­ву­ва­ње от­пад. Во тек е про­це­ду­ра­та за фор­ми­ра­ње ре­ги­о­нал­но ко­му­нал­но прет­при­ја­тие, кое ќе го со­би­ра, но­си и ме­на­џи­ра скла­ди­раниот от­пад во де­по­ни­ја­та „Ру­си­но“ кај Го­сти­вар. Се­пак, кон­крет­на­та ра­бо­та око­лу ме­на­џи­ра­ње­то на сме­тот е сè уште во фа­за на ана­ли­зи­ра­ње. Единс­тве­но е поз­на­то де­ка оп­штин­ски­те со­ве­ти од си­те де­вет оп­шти­ни од По­ло­шки­от ре­ги­он ве­ќе го одо­бри­ја фор­ми­ра­ње­то ед­но ва­кво прет­при­ја­тие.

– Под­го­твен е на­црт-план за ре­ги­о­нал­но упра­ву­ва­ње от­пад што го де­фи­ни­ра на­чи­нот на кој ќе се од­ви­ва оп­штин­ско­то упра­ву­ва­ње цврст от­пад во По­ло­шки­от ре­ги­он, ка­ко и вре­мен­ска­та рам­ка во ко­ја мер­ки­те тре­ба да би­дат спро­ве­де­ни. Изра­бо­тен е на­црт-из­ве­штај за стра­те­ги­ска оце­на на жи­вот­на­та сре­ди­на за кој беа одр­жа­ни за­дол­жи­тел­ни јав­ни де­ба­ти во Те­то­во и во Го­сти­вар. Исто та­ка, во тек е под­го­то­вка на сту­ди­ја за еко­ном­ска оправ­да­ност во ко­ја ќе би­дат ана­ли­зи­ра­ни нај­до­бри­те ме­то­ди и тех­ни­ки за одрж­ли­во упра­ву­ва­ње от­пад. Во сту­ди­ја­та се обе­ле­жа­ни об­ла­сти­те во По­ло­шки­от ре­ги­он и е утвр­ден бро­јот на не­со­од­вет­ни де­по­нии и ди­ви де­по­нии. Спо­ред ре­зул­та­ти­те, во овој ре­ги­он има око­лу 80 де­по­нии – ве­лат од Цен­та­рот за раз­вој на По­ло­шкиот план­ски ре­ги­он.

Дел од про­е­ктот е нај­а­ва за пре­зе­ма­ње ит­ни мер­ки за де­по­ни­ја­та „Ру­си­но“. Од Цен­та­рот ве­лат де­ка тех­нич­ка­та до­ку­мен­та­ци­ја е комп­ле­ти­ра­на и тен­дер­ска­та по­стап­ка за спро­ве­ду­ва­ње на актив­но­сти­те на­ско­ро ќе би­де об­ја­ве­на од стра­на на еди­ни­ца­та за упра­ву­ва­ње на про­е­ктот и од до­на­то­рот.

– Кам­па­ња­та е нас­ло­ве­на „Мер­ки за бр­за по­бе­да“. Цел­та е да се спре­чат ви­тал­ни­те на­ру­шу­ва­ња на жи­вот­на­та сре­ди­на, ка­ко што е из­ле­ва­ње­то ис­це­док од от­пад во Су­шич­ка Ре­ка. Со цел да се по­стиг­не тоа, ќе се кон­стру­и­раат на­сип и ров за да се спре­чи сле­ва­ње­то на дож­дов­ни­те во­ди во та­ло­зи­те от­пад, а ис­це­до­кот од от­па­дот ќе се чу­ва во отво­ре­но езер­це со што ќе се обез­бе­ди про­цес на ре­цир­ку­ла­ци­ја. На вле­зот на де­по­ни­ја­та ќе има мер­на ва­га и кон­трол­на ста­ни­ца ка­де што по­сто­ја­но ќе се во­ди еви­ден­ци­ја за вкуп­ни­от от­пад што вле­гу­ва во де­по­ни­ја­та и ќе има и средс­тва за ко­му­ни­ка­ци­ја во ре­ал­но вре­ме. Ка­ко дел од мер­ки­те за бр­за по­бе­да на оп­шти­ни­те во кои е пла­ни­ра­но да се спро­ве­дат кам­па­њи за по­диг­ну­ва­ње на јав­на­та свест ќе им би­дат обез­бе­де­ни не­кол­ку кон­теј­не­ри – на­ве­ду­ва­ат од Цен­та­рот за раз­вој на По­ло­шки­от план­ски ре­ги­он.

Да­ли го­ди­на­ва ќе има по­мал­ку смет во Те­то­во?

Те­тов­ска­та гра­до­на­чал­нич­ка и во­ед­но пре­тсе­да­тел­ка на Цeнта­рот за раз­во­јот на По­ло­шки­от план­ски ре­ги­он, Те­у­та Ари­фи, со по­ли­тич­ки и оп­ти­ми­стич­ки од­го­вор, сме­та де­ка во те­кот на оваа го­ди­на ќе се ви­дат кон­крет­ни ре­зул­та­ти од про­е­ктот со кој се оче­ку­ва во по­ло­шки­те гра­до­ви и се­ла да има по­мал­ку смет. Таа по­јас­ну­ва де­ка овој про­ект е на ре­ги­о­нот, а е во парт­нерс­тво со др­жа­ва­та и со и со Швај­цар­ски­от др­жа­вен се­кре­та­ри­јат за еко­ном­ски пра­ша­ња (СЕКО) .

– Оче­ку­ва­ме оваа го­ди­на да за­вр­ши комп­лет­ни­от про­цес на гра­де­ње на про­е­ктот за со­би­ра­ње на от­па­дот и об­вр­ски­те за фор­ми­ра­ње за­ед­нич­ко јав­но прет­при­ја­тие, за што си­те со­ве­ти, на си­те оп­шти­ни, гла­саа по­зи­тив­но. По­тоа оче­ку­ва­ме де­ка про­е­ктот ќе по­ми­не и во фа­за на пра­ктич­на из­вед­ба во од­нос на стан­дар­ди­за­ци­ја на ова ме­сто. И над­вор од овој про­ект, ние ка­ко оп­шти­ни од По­ло­шки­от план­ски ре­ги­он, две го­ди­ни ра­бо­ти­ме на за­ед­нич­ки про­ект за про­дол­жу­ва­ње на па­тот до Ру­си­но, кој по­ло­ви­на го на­пра­вив­ме, асфал­ти­рав­ме. Си­те оп­шти­ни  ре­шив­ме на­ши­те средс­тва да ги да­де­ме са­мо за овој про­ект за да се комп­ле­ти­ра па­тот до Ру­си­но, за­што тоа бе­ше ба­ра­ње на гра­ѓа­ни­те – из­ја­ви Ари­фи.

До­де­ка се оче­ку­ва­ат ре­зул­та­ти­те од актив­но­сти­те на над­леж­ни­те, го­ди­ни­те што из­ми­ну­ва­ат по­ка­жу­ва­ат де­ка во По­ло­шки­от ре­ги­он има сè по­ве­ќе смет.  Исто та­ка, ста­ти­стич­ки­те по­ка­за­те­ли ука­жу­ва­ат де­ка има го­ле­ма раз­ли­ка ме­ѓу со­бра­ни­от и соз­да­де­ни­от от­пад. Ако се пог­лед­нат пос­лед­ни­те об­ја­ве­ни по­да­то­ци на

Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка за ко­ли­чес­тво со­бран ко­му­на­лен от­пад во По­ло­шки­от ре­ги­он, се бе­ле­жи на­ма­лу­ва­ње  во 2018 го­ди­на во од­нос на 2017 го­ди­на. Но, за раз­ли­ка од пред де­сет го­ди­ни, во 2008 го­ди­на број­ка­та е за ре­чи­си 50 про­цен­ти зго­ле­ме­на се­га, и трен­дот от­то­гаш по­сто­ја­но по­ка­жу­ва на­гор­на ли­ни­ја.

 

со­бран от­пад соз­да­ден от­пад
2018 99.541 131.220
2017 108.047 139.003
2016 92.147 128.158
2015 117.645 150.120
2014 71.318 116.997
2013 60.296 106.421
2012 59.096 104.289
2011 62.388 90.567
2010 64.596 112.879
2009 61.412 97.967
2008 56.902 96.686

Љуб­ља­на е град со ну­ла от­пад

Сло­ве­ни­ја бе­ле­жи нај­до­бра и нај­ус­пеш­на пра­кти­ка во про­ме­на­та ко­га ста­ну­ва збор за упра­ву­ва­ње­то от­пад. Mина­та­та го­ди­на Љуб­ља­на ста­на пр­ви­от гла­вен град со ну­ла от­пад. Та­му по­сто­јат по­ве­ќе об­ли­ци на се­ле­кти­ра­ње и на ре­цик­ли­ра­ње. Пред 15 го­ди­ни би­ле во иста си­ту­а­ци­ја ка­ко ние се­га во По­ло­шки­от ре­ги­он, ко­га си­от от­пад се оста­вал на де­по­ни­ја, но тоа се­га е це­лос­но про­ме­не­то. Во 2002 го­ди­на би­ло стар­ту­ва­но со по­себ­но со­би­ра­ње хар­ти­ја, стак­ло и ам­ба­ла­жа, а че­ти­ри го­ди­ни по­доц­на, гра­дот поч­ну­ва да со­би­ра би­о­раз­град­лив от­пад – од вра­та до вра­та. Во 2013 го­ди­на, се­кое до­ма­ќинс­тво, пак, до­би­ло кан­ти за ам­ба­ла­жа и за хар­ти­ја.

Раз­во­јот на нај­мо­дер­на­та фа­бри­ка за трет­ман на би­о­ло­шки­от от­пад во Евро­па бил нај­го­ле­ми­от  че­кор во ос­тва­ру­ва­ње­то на цел­та – до 2025 го­ди­на да се ре­цик­ли­ра нај­мал­ку 75 про­цен­ти од от­па­дот. Ре­ги­о­нал­ни­от цен­тар за упра­ву­ва­ње от­пад бил отво­рен во 2015 го­ди­на. Та­му се ко­ри­сти  гас за про­из­водс­тво на сопс­тве­на топ­ли­на и еле­ктрич­на енер­ги­ја. Цен­та­рот обра­бо­ту­ва 95 про­цен­ти од от­па­дот во ма­те­ри­ја­ли што мо­же да се ре­цик­ли­ра­ат и во цвр­сто го­ри­во и пра­ќа по­мал­ку од пет про­цен­ти от­пад на де­по­ни­ја­та. От­па­дот го пре­тво­ра  во ви­со­ко­ква­ли­тет­но ѓу­бри­во за гра­ди­ни. Спо­ред ин­фор­ма­ци­ја од нив­ни­те пла­тфор­ми на ин­тер­нет, овој цен­тар обра­бо­ту­ва 170 ил­ја­ди то­ни от­пад го­диш­но од кои 150 ил­ја­ди е из­ме­шан ко­му­на­лен от­пад и пре­ку 20 ил­ја­ди то­ни по­себ­но со­бран би­о­от­пад. Опс­лу­жу­ва 700 ил­ја­ди жи­те­ли, или 43 оп­шти­ни во Сло­ве­ни­ја што прет­ста­ву­ва ед­на тре­ти­на од др­жа­ва­та. Ре­ги­о­нал­ни­от цен­тар е по­мог­нат од ко­хе­зив­ни­от фонд на ЕУ, се на­ве­ду­ва во спе­ци­ја­ли­зи­ра­ни­от ин­фор­ма­ти­вен сајт „Бал­кан грин енер­џи“.

Aле­ксан­дар Са­мар­џи­ев

(Тек­стот е под­го­твен во рам­ки на „Ли­це в ли­це со гра­ѓа­ни­те“, под­др­жан од Кралс­тво­то Швед­ска пре­ку про­е­ктот „Нор­ди­ска под­др­шка за на­пре­док на Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја“. Со­др­жи­на­та е единс­тве­на од­го­вор­ност на авто­рот и на ни­ту еден на­чин не мо­же да се сме­та де­ка ги одра­зу­ва гле­ди­шта­та на до­на­то­рот)

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

51 годишник каснат од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.