Во првиот уписен рок во тетовските средни училишта, според анализата на Секторот за јавни дејности се пријавиле 1731 ученик, од кои 56,8 % или 984 ги исполнуваат условите за упис. Пополнети се само паралелките за профилите козметичари и негуватели на албански наставен јазик во средното медицинско училиште, додека во сите останати училиште во сите предвидени паралеки има слободни места.
-Имаме бројка од 1731 пријавени во првиот уписен рок што претставува 88, 4 % од учениците кои завршиле основно образование, што е добра промена од минатото кога во првиот уписен рок се пријавувале околу 60-75% од полуматурантите. Тоа што не успеале во првиот уписен рок значи дека остануваме на заложбата да има високи критериуми за упис, а учениците сега ќе можат во вториот и третиот рок да се запишат во другите училишта каде има слободни места, истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.
Најмногу поени за запишување во едно од шесте општински средни училишта во Тетово на полуматураните има требаат за во средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. За упис на еден од профилите-општи смер, фармација, стоматолошки техничар, лаборант или физиотерапевт потребни се 70 поени. Помалку поени за упис во ова училиште потребни се за смеровите козметичар со 45 поени и негувател со 35 поени. Во двете гимазнии и економското уччилиште се потребни по 60 поени за упис. За упис во средно стручните училишта во зависност од профилите се потребни од 35 до 45 поени.
Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2060 деветоодделенци.
Вториот уписен рок во средните училишта е на наредната недела на 24 и 25 јуни како третиот на 29 јуни.
А.С