• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во текот на 2019 година 172 сообраќајни акциски контроли

Најголемиот број од реализираните контроли лани се однесувале на брзина, техничка исправност на возилата, непочитување првенство, непрописно престигнување, но и на однесувањето на пешаците во сообраќајот

22/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Минатата 2019 година на поширокото тетовско подрачје  вкупно биле спроведени 172 сообраќајни акциски контроли од различен карактер, информира СВР Тетово. Најголемиот број од реализираните контроли лани се однесувале на брзина, техничка исправност на возилата, непочитување првенство, непрописно престигнување, но и на однесувањето на пешаците во сообраќајот.

„Имено, над половината од минатогодишните сообраќајни несреќи на ова подрачје биле резултат на неприлагодена брзина, односно пребрзо возење и на неправилно вршење на дејствие. Покрај акциските контроли лани  секојдневно се реализирале и редовни, тековни активности, во чие средиште, исто така, биле брзината, управување под дејство на алкохол, непоседување на возачки дозволи, учество во сообраќајот на возачи-почетници спротивно на законските ограничувања и слично“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вакви и слични активности СВР Тетово ќе има и во текот на 2020 година. До возачите посебно се апелира да внимаваат на брзината со која се движат возилата кои ги управуваат, особено во близина на училишта, а деновиве и на условите на патиштата со оглед на временските услови.

А.С

Тагови: сообраќајни контроли

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Архиепископот г.г Стефан ја посети црквата Свети Атанасиј во Брвеница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.