• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во Теново почна да работи вториот дел од троделната фотоволтаична централа за создавање електрична енергија

22/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во село Тетово денес беше означено почнување на работа на втора од комплексот три фотоволтаични централи на Енерго-Р Груп од ова место. Инвестицијата во сите три дела од централата е со вкупна вредноста од 1,6 милион евра, на површина со 20 илјади квадратни метри.

-Оваа е дел од троделен фотоволтаичен парк со вкупна моќност од 220 киловатчасови вградени 6170 панели со различен капацитет и три трафостаница. Прва централа веќе работи повеќе години, а третата централа е изградена и подготвена за технички преглед. Трите централи би дале 3,1 гигават часови електрична енергија за 450 домаќинства, изјави Владе Пазарџиевски, управител на фирмата.

Премиерот Зоран Заев на промоцијата најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.
 
Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година. -Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките“, изјави  Заев.

Премиерот Заев истакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важните енергетски проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.
 
-Успешно заврши и постапката за изградба на две фотонапонски електрани во Осломеј, со моќност од по 50 MW, преку модел на Јавно–приватно партнерство. Благодарение на транспарентната и конкурентна постапка, на одржаната аукција, најповолните понудувачи на ЕСМ, ќе му исплатат 18,5% и 18% од остварениот приход од продажба на електрична енергија. Дополнително изградбата на фотонапонската електрана на Осломеј од 10 MW, која е сопствена инвестиција на ЕСМ, веќе е во крајна фаза и пред почеток на градба. Меѓу приоритетите годинава е и хидроелектраната Чебрен, за која минатата година се појавија неколку заинтересирани инвеститори. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, десет компании беа понудени, девет ја поминаа првата фаза со нивниот капацитет и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мега-вати. Истовремено, определивме 477 хектари од порано проектираниот аеродром во Општина Штип да бидат наменети за фотоволтаици каде има можност за 300-350 мегавати. Определивме и локации за повеќе од 120 мегавати во Битола на старите јагленокопи на РЕК Битола и 100 мегавати во Кавадарци како потенцијали за инвестирање. Со ова Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто“, информираше премиерот Заев и упати честитки за инвестицијата токму денеска кога е и меѓународниот Ден на планетата земја.
  
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите односно граѓаните и индустријата.
 
„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи кои што се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја. Но не застануваме тука. Заедно со нашите државни и јавни претпријатија и согласно Законот за стратешки инвестиции се подготвуваат инвестиции кои ќе ја надминат инсталираната моќ од 300 мегавати во нашата држава само од фотонапонски централи“, рече министерот Бектеши и ги повика сите заинтересирани инвеститори да ги следат јавните повици од Министерството за економија и од Владата, бидејќи, како што рече, за кратко време ќе бидат објавени дополнителни повици со цел да се изградат што повеќе вакви инвестиции.
 
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што денеска сме на отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, ја испраќа вистинската порака за тоа како треба да се грижиме за нашата планета.
 
-Оваа централа, која е обновлив извор на енергија, изградена како дел од повикот на Министерството за економија, на приватно земјиште, од приватен инвеститор, е практичен пример на конкретно остварување на политиките на нашата Влада, за одржлив развој и здрава животна средина.

Ние денес тука гледаме како со вистинскиот стимул, приватниот сектор може да ни биде партнер во стратешките определби за остварување на зелената агенда“, кажа Нуредини и додаде дека се работи и на други сегменти на заштита на животната средина во полошкиот регион.
 
-Министерството за животна средина во фаза на одобрување во рамки на ИПА програмата има проект за изградба на пречистителната станица за третман на отпадни води и надградба на канализационата мрежа во Општина Тетово во вредност од преку 30 милиони евра, за кои договорите за градба се планира да се склучат до крајот на годинава. Во моментов веќе се имплементираат брзите мерки за санација на депонијата Русино, меѓу кои дел е и собирањето на исцедокот кој ја загадуваше околната почва до сега. Понатаму, со оглед на тоа што еден од приоритетите на оваа Влада е чиста вода за пиење за секој граѓанин, како и соодветно управување и прочистување на водите, Министерството за животна средина е во фаза на аплицирање за нови 50.000.000 евра од Европската инвестициона банка за финансирање на реализацијата на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи на територијата на земјата. Најголемиот дел од општините веќе доставија проекти, а секако проектите за оваа намена во Полошкиот Регион се едни од приоритетните“, истакна Нуредини.

 

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Заев за недостигот на вода во Тетово: Владата нема да оди наспроти населението за малите хидроцентрали но тие не се еколошки полоши од голема хидроцентала, ерозија на земја се санира

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!