• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во Тетово се одржа првата јавна расправа во рамки на проектот за развој на регионаната депонија во Полошкиот регион

Прв итен чекор е спречување на излевањето на загадената вода или исцедокот од депонијата во Русино

12/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Засегнатите страни од деветте полошки општини кои учествуваат во првата јавна расправа имаа можност да дадат забелешки и сугестии за итните мерки за подобрување на состојбата на депонијата Русино како прва фаза во рамки на спроведување на проектот за развој на регионалната депонија во Полошкиот регион.

-Каква прва активност е подобрување на условите на Русино и за таа цел се прави техничка документација која ќе овозможи, се надеваме во јануари да се отвори тендерска постапка на која ќе се изберат изведувачи за извршување на тие подобрувања на самата депонија. Се надеваме дека изведбата на овие активности ќе може да се почне кога ќе пројде зимата и до крај на мај да се спречи излевање на исцедокот во Русино, изјави Јан Тејсинг, експерт за животна средина и тим лидер за управување со отпад во полошкиот регион во рамки на проектот.

По првиот чекор за спречување на излевањето на загадената вода или исцедокот од депонијата во животната средина ќе работи и на втора фаза на унапредување на Русино.

-Втор чекор е доведување на самата депонија во контролирана или инжинерска депонија во која што редовно ќе се покрива отпадот ќе се спречи исцедокот и нема да има појава на пожари, тоа е е организирано управување со една депонија која ќе исполнила услови согласно европски директиви, рече Тејсинг.

Паралелно со планот за управување со отпад во Полошки плански регион се работи на стратегија на животна средина како обврска согласно законот за животна средина.

-Самата постапка е апстрактна, бидејќи постапката анализира 30-тина документи. Главна оценка е дека самиот документ нема конфликт со оние релевантни стратешки документи, поврзани со управување со отпад со управување со воздух, вода, развој итн. Самиот документ се подготвува во време кога се врши ажурирање на законодавството за управување со отпад. Поради тоа и самиот документ во рамките на целите ги вклучува и оние целите кои се предмет на ажурирање на самото законодавство, изјави Марјан Михајлов одговорен за животна средина во рамки на проектот.

Планот кој опфаќа три фази во периодот 2019-2029 предвидува и формирање на заедничко јавно претријатие кое ќе управува со отпадот во полошкиот регион.

А.С

Тагови: депонија русинојавна расправа

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Иселениците од Америка донираа 22 музички инструменти за училиштето во Вратница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!