• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Во Тетово се спроведуваше акцијата„Разговори за обнова на Македонија“ на ВМРО ДПМНЕ

Раководството на општинскиот комитет заедно со Трајко Славевски, членот на извшрниот комитет на партијата на штандови во централното градско подрчаје разговораа со граѓаните и ги запишуваа нивните идеи и предлози.

05/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Акцијата на ВМРО ДПМНЕ насловена „Разговори за обнова на Македонија“ денес се одржуваше во Тетово.  Раководството на општинскиот комитет заедно со Трајко Славевски, членот на извшрниот комитет на партијата на штандови во централното градско подрчаје разговораа со граѓаните и ги запишуваа нивните идеи и предлози.

-Продолжуваме со акцијата за обнова на Македонија. Република Македонија да тргне по вистинскиот пат, не по по прав пат тоа е србизам. Состојбите во Македонија се влошуваат, иако Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година наводно за економска година откако две третини од неа поминаа. Не уверуваат дека била најдобрата во последните 15 години, не треба човек да биде економски образован да види дека не е така. Ние сме имале години со подобар животен стандард и со поголем економски раст во Република Македонија. Ние сакаме да достигнеме тој период кога беше побезбедна, кога економијата беше на прво место, кога се постигнуваше висок економски раст, изјави Трајко Славевски.

Тој ја потенцира безбедоста како проблематика на денешното живеење.

-Во период кога имаме стабилни меѓунационални односи не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедност по улиците по домовите по кафеаните по болниците. Полицајците се напаѓаат, вакво нешто не сме имале и малку е чудно Владата како не е способна да воспостави  нормално живеење на граѓаните, рече партискиот функционер.

Во Тетово Славевски рече дека се собираат мислења, идеи и и предлози од граѓани како секогаш што се правело во минатото.

-Ние имаме подлога и визија како на да работиме на економнски план затоа што економски прашања, вработувања, животен стандард е она што најмногу ги засега граѓани.  Сакаме да понудиме програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст а тука се неопходно корекции и предлози на македонски граѓани и затоа ја крстосуваме Македонија, рече Славевски.

Според партискиот функционер без разлика на одговорот на Европскиот сојуз околу почетокот на преговори со Унијата ВМРО ДПМНЕ има придонес како власт и опозиција во евроатланските интеграции. Доколку ја добијат довербата на идни предвремени избори, според Славевски, ВМРО ДПМНЕ ќе го забрза процесот за приближување на стандардите во Македонија кон оние на ЕУ.

Тагови: акцијавмро дпмнеразговори за обнова на македонија

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Осмо издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ од 7 до 13 октомври

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.