Од целокупниот персонал на лекари и медицински сестри во јавното и приватното здравство според Министерството за здравство на подрачјето на поширокиот тетовски регион досега има 13 регистрирани случаи на кои имале позитивен тест на Ковид-19. Деветмина од нив веќе се оздравени.
-Досега во подрачна единица Тетово се регистрирани 13 заболени здравствени работници, 9 од нив се веќе оздравени. Во моментов се 4 активни случаи, здравствени работници позитивни на вирусот, информираат од Министерството по нашето упатено барање за информации.
Вкупна бројка на медицински персонал не евидентира ни една институција. Клиничка болница Тетово има 234 лекари и 378 медицински сестри, додека Здравствен дом Тетово има 44 лекари и 89 медицински сестри и техничари. Во подрачната единица на Фондот за здравство се евидентирани вкупно 181 приватна ординација од областа на општа медицина, стоматологија и гинекологија. Во Тетово има и Центар за јавно здравје како и ординации кои немаат договор со Фондот за здравство и целосно работат приватно.
Инаку, денес се одбележува Меѓународниот ден на медицинските сестри.
-Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот, порачаа од Министерството за здравство.
А.С