• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во тетовските средни училишта запишани 1315 ученици

Во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски.

06/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1.315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски. Најголем интерес имало за средното медицинско училиште од шесте средни училишта во рамки на општина Тетово, информира Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности.

-Бидејќи основно училиште завршиле 2130 ученици,се бележи бројка од 815 основци кои не се запишале во тетовските средни училишта. Дел од нив се во други државни училишта, верски или приавтни. За оние кои останале без упис сега апелираме да донесат документи во училиштата каде ги исполнуваат критериумите по што од  Министерството за образование ќе побараме правно мислење како да бидат систематизирани бидејќи е задолжително средното образование, изјави Ќазими.

Во медицинското училиште има 342 запишани ученици на албански наставен јазик 97 на македонски и 25 на турски. 72 ученици на македонски наставен јазик и 53 на албански се запишале во економското училиште.

Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ ќе има 230 нови средношколци на албански наставен јазик и 39 на македонски, додека во гимназијата „7-ми март“ 70 само во паралелки на албсни наставен јазик.

Во средното стручно училиште „Моша Пијаде“ запишани се 153 првокласници на албански и 92 на македонски јазик, додека во стручното училиште „Ѓоце Стојчевски“ се запишани 150 само на албански јазик.

Тагови: запишанисреднитетовскитеученициучилишта

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Саем за промоција на културните и природните вредности на Шар Планина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!