• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во тетовско во 2020 година имало 617 сообраќајни несреќи, за 167 помалку од 2019 година

Животот го загубиле 8 лица.

12/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По патитштата низ тетовскиот регион минатата година се регистрирани се вкупно 617 сообраќајни несреќи што е за 167 помалку во споредба со претходната 2019 година. Значително помал е и бројот на „сообраќајки“ со тешко повредени, а нив ги имало 34. Во несреќите имало и  265 лица кои поминале со телесни поведи, а бројот на загинатите осум е ист како лани. Во повеќе од половина од несреќите (310) завршиле само со причинета материјална штета.

-Според анализата на СВР Тетово, на тетовското подрачјето што покрива, најголемиот број од ланските несреќи (439) се случиле во населено место и 178 несреќи се евидентирани на отворен пат.Како најчести причини за несреќите особено кај оние со посериозни последици утврдно е дека се: неприлагодена брзина според условите на патот (175 несреќи), неправилно вршење на дејствие (126) и недавање предност (18), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Изминатата година регистрирани се 37 излетувања на возила од коловоз. Имало и 56 несреќи предизвикани од животни, претежно од бездомни кучиња, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Од СВР Тетово посочуваат дека кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на тетовското подрачје, најкритичен ден бил петок со 110 несреќи, а најризичен период во денот бил од 16 до 18 часот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Параметрите за матност на водата во рамки на нормала, но препораките остануваат исти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!