• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во тетовско приведени лица кои измислувајќи сообраќајки барале пари од семејствата на наводните жртви или причинители

Приведениот Р.М. се сомничи дека минатата и оваа година бил инволвиран во десетина измами на лица од неколку градови од нашата земја како од Куманово, Охрид, Виница и други места употребувајќи измислени приказни за сообраќајни несреќи на нивните најблиски, откако  претходно ги злоупотребувал нивните лични податоци и потоа барал и добивал парични средства за наводно пренесување на лекување или за погребување.

30/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Приведени две лица од Тетовско осомничени за измама и злоупотреба на податоци така што измислувале дека има сообраќајни несреќи па барале пари од семејствата на наводна жртва или причинител.  Вчера во текот на денот лишени од слобода се  А.З.(21) од с.Церово и Р.М.(44) од Тетово, по пријава на на 36 годишник од Косово.

Според Д.Б (36) од Косово, едно лице во четири наврати успеалo да земе парични средства, преку фирми за брз трансфер на пари, во износ од 340 евра,440 евра,400 евра и 740 евра. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници било констатирано дека станува збор за Р.М. од Тетово.

-Притоа, според пријавеното, Р.М., преку телефонска комуникација, лажно се претставил и лажно прикажал факти дека блиски луѓе на Д.Б. имале сообраќајна незгода во Крива Паланка, во која починале, а паричните средства му требале за подигање на телата. Р.М., исто така, побарал парични средства од 400 евра и од Е.Б. од Р.Албанија, со изговор дека негов близок имал сообраќајна незгода во Охрид, а парите му требаат за да ги подмири трошоците во болница. Паричните средства биле подигнати од страна на А.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Приведениот Р.М. се сомничи дека минатата и оваа година бил инволвиран во десетина измами на лица од неколку градови од нашата земја како од Куманово, Охрид, Виница и други места употребувајќи измислени приказни за сообраќајни несреќи на нивните најблиски, откако  претходно ги злоупотребувал нивните лични податоци и потоа барал и добивал парични средства за наводно пренесување на лекување или за погребување.

Р.М. задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на пријавените сторители на измами.

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

„Мисли малце“-иницијатива за подигање на свеста за невообичаени прашања во општеството

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!