• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во 2019 година Тетово со 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци

09/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Завршниот декемвриски извештај на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажува дека во 2019 година имало 120 денови кога е надмината за 24 часа граничната вредноста на дозволените 50 микрограми на кубен метар од отровните ПМ10 честички.  Сепак во текот на годината не е познато колку точно денови биле со загаден воздух со оглед дека мерната станица во Тетово не беше во функција од 26 април до 23 септември или 157 денови.  Со оглед дека во 120 денови бил загаден воздухот, во 157 немало податоци, преостануваат само 88 денови кога имало чист воздух.

-Светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички, потсетуваат од Центарот за јавно здравје во Тетово.

Во 2018 во Тетово надминување од над 50 микрограми пи-ем 10 честички на кубен метар имало во 134 денови. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните пи-ем 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци.

Мониторинг станицата во Тетово работи од април 2004 година со мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10) Од 26 април до 23 септември 2019 година инструментот за РМ10/2.5 беше испратен во акредитирана лабораторија за калибрација во Виена, Австрија.

А.С

Тагови: 5загаден воздухпм10пм2Тетово

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Противправно лишување од слобода на малолетничка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!