Преку формирање на инвестициски фонд (ИФ), ќе создадеме можности за привлекување инвеститори од дијаспората.Ние ќе и понудиме на дијаспората реализација на посебна категорија инфраструктурни проекти кои се од јавен интерес, преку нивно финансирање со приватен капитал. Ова е дел од програмата на кандидатот за градоначалник Вулнет Мурсели што тој ја претставува на средби со граѓаните.
-Овој тип на финансирање ќе ги фаворизира членовите на дијаспората кои го имаат потребниот капитал и сакаат да придонесат за побрз развој на Тетово. На овој начин, ќе имаме взаемна корист: Градот Тетово значително ќе ја подобри својата инфраструктура, додека дијаспората ќе има можности за економски придобивки, објаснува Вулнет Мурсели.