• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Глутници бездомни кучиња и пред зградата на општина Тетово-жителите бараат помош за да се движат

Тетовци и пред зградата на општина Тетово секојдневно се среќаат со голем број бездомни кучиња, па алармираат дека не можат безбедно да се движат. Ова посебно важи за утринските часови кога одат на работа или се носат деца на во училишта и градинки.

02/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовци и пред зградата на општина Тетово секојдневно се среќаат со голем број бездомни кучиња, па алармираат дека не можат безбедно да се движат. Ова посебно важи за утринските часови кога одат на работа или се носат деца на во училишта и градинки.

-Глутници кучиња наутро има и пред зградата на општина Тетово, а се случува да лаат да и почнат да се движат кон нас. Пријавив во ЈКП но нема реакција. Од кучињата ни до продаваница не може да се оди, вели револтирана жителка на Тетово која ни испрати фотографии од пред зградата на општината каде се гледаат поголем број бездомни кучиња.

Во мај во соработка со приватна ветеринарна ординација општина Тетово по пат на јавен повик започна со работа прифатилиште за кучиња но се третирале животните само во период од помалку од два месеци односно до крајот на јули. Од ветеринарната станица информираат дека добиле 600 илјади денари средствата на располагање со кои се третирале 84 кучиња. Кај дел од нив била спроведена еутаназија поради болеста лишманија, а дел од нив добиле стерилизација, кастрација, вакцини против беснило и слично.

Од тетовската локална самоуправа во септември одговорија дека во иднина ќе се работи на проблематиката.

-Општина Тетово има предвидени средства за објавување на вториот тендер за згрижување на -кучињата скитници во општината, а истиот се очекува да биде објавен за еден месец, се вели во одговорот од Канцеларија за комуникации и односи со јавност општина Тетово.

Тагови: бездомникучињаопштина Тетово

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Ноќни рестрикции во водоснабдувањето во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!