• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Глутници кучиња напаѓаат во станбениот комплекс Блок 70

Според објавите на социјалните мрежи станува збор за повеќе видови кучиња кои иако се со ремчиња се пуштаат и се движат и како група.

30/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неодговорни сопственици ги оставаат своите кучиња без надзор па тие напаѓаат луѓе и други миленици како и бездомни кучиња во станбениот комплекс Блок 70, алармираат тамошните жители и бараат начин на надминување на состојбата.

Според објавите на социјалните мрежи станува збор за повеќе видови кучиња кои иако се со ремчиња се пуштаат и се движат и како група.

-Има акита, хаска, и други видови домашни миленици кај кои се заблежуваат ремчиња, велат граѓаните во групата Бездомни животни на социјалната мрежа Фејсбук.

Честите се нападите врз луѓето па се чувствува небезбедност.

-Во Блок 70 жена е нападната, фудбалер на Шкендија. Ова е чопорот што напаѓа, повеќето се домашни миленици, ама со неодговорни сопственици кои ги пуштаат без надзор. Од истите страдаат и улични кучиња но и ние не можеме со нашите миленици да излеме надвор затоа што се агресивни, пишуваат тетовци.

Долго време и бездомните кучиња се проблем за тетовци. Често пати и во полицијата се пријавуваат нападите и каснувањата од кучињата.

Од мај 2019 година досега има објавено три тендери со цел за згрижување и третирање на кучињата скитници во општината.

Во јули годинава тетовската градоначалничка Теута Арифи изјави дека општината годинава не планира повеќе средства за справување со бездомни кучиња. За посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција градоначалничката Теута Арифи не размислува да направи како општина туку во склоп на полошкиот плански регион.

А.С

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

Со кредит од банка ќе се плаќаат придонесите за вработените во тетовското комунално претријатие

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!