• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Годишен концерт на „Камерен оркестар на млади виолинисти“ при на Универзитетот во Тетово

„Камерен оркестар на млади виолинисти“ е составен од студенти на Факултетот за уметности-студиска програма за музичка уметност на Универзитетот во Тетово.

24/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се одржа годишниот концерт на „Камерен оркестар на млади виолинисти“, составен од студенти на Факултетот за уметности-студиска програма за музичка уметност на Универзитетот во Тетово. Студентите под раководство на професорот Блерим Груби концертот го одржаа во концертно-театарската сала на Факултетот за уметности во Тетово.

-Го завршуваме семестарот и годината со годишен концерт. Повеќето учесници се апсолвенти,истиот концерт се одржа во Културно информативниот центар во Скопје. Сега завршуваме во Тетово. Ова е наш проект, на Универзитетот во Тетово автентичен. Кога дојдоа овие студенти во прва година не беа на потребното ниво но успеавме и со радост покажуваме што сме постигнале. Имав желба да имаме концерт во Струга и Дебар и други места но ги оставивме за друг пат, истакна професорот.

Услови за работа и интерес има, младите ја сакаат музичката уметност но уште треба да се работи на подобра состојба, оценува професорот Груби.

-Ние нашето сме го завршиле сега треба компетентите луѓе да ги стават на потребното место и да им дадат работа. Ова се наши ѕвезди со кои се гордееме. И треба да ги поддржиме, треба да ја поддржиме младината, зошто таа е над се. Со намера го нареков камерен оркестар на млади уметници за да можат да имаат и други проекти поддржани од институциите. Имаме средно музичко училиште, има услови и во центарот за култура, малку треба да се среди акустиката затоа што ова е повеќе е за театар отколку за концерти. Треба да се подигне и менталитетот за култура  Сега само ни требаат луѓе да работат со студентите, потенцира Блерим Груби.

Дел од програмата беше изведба на делаод  С.Ѓони, А.Муља, З.Тупеци, Елвис Присли и Битлси.

А.С

Тагови: камерен оркестар млади виолинистиконцертТетовоУТ

Поврзани објави

Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

63 годишник од Брвеница го изгуби животот во сообраќајна несреќа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.