• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Гран При за „Трио Кладенец“ и КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце на фестивалот „Пеце Атанасовски“

04/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Трио Кладенец“ при КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце е добитник на прво место Гран при награда за целосно најдобар настап на 47 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што викендов се одржа во Прилеп.

Според жирито во состав етномузиколози д-р Родна Величковска и м-р Стојанче Костов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и д-р Горанчо Ангелов од музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип машкото вокално трио од КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце го прогласија за најдобар настап за посебно претставување на гласоечкото пеење од Долно Полошкиот регион кое е заштитено од УНЕСКО како нематеријално културно наследство.

-Особено сме горди што во конкуренција од 320 изведувачи на изворниот мелос жирито одлучи да ни додели Гран при за целосно најдобар настап. Освоената награда ќе ни претставува мотив за уште поголеми успеси во иднина. Особено ни претставува задоволство што наградата ни е доделена од врвни професионалци во областа на фолклорот кои со години ја всадуваат љубовта за фолклорот на многу млади генерации, изјави Сашо Костадиновски уметнички раководител и етнокореолог при КУД „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце.

Најголема заслуга за освоената награда ја носат уметничкиот раководител и етнокореологот Сашо Костадиновски, кореографите Мирослав Симјановски, Бобан Трпковски и најмладиот член на триото Иван Божиновски.

47 -мото издание на реномираниот Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржа на 2 и 3 јули во Прилеп и на Рудина, Долнени.

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.