• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Граѓаните на отворен ден со општина Тетово-Се уште постојат улици без водовод и канализација

04/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на здруженија на граѓани, организации и поединци посочија пред раководителите на општинските сектори предлози и идеи за реализација со буџетот на општината за 2020 година. Според барањата на граѓаните, во Тетово има голем број места каде нема основна инфраструкура за урбано живеење.

-Постојат улици во населбата Поток како „Вера Циривири-Трена“ и на други места како улица „146“ каде се уште нема водовод и канализација. Улицата „Гоце Делчев“ исто така е потребно да се реконструира поради тотална руинираност, посочи Незир Хусеини од организацијата „Сонце“.

-Недоволно места за паркинг, патиштата се во лоша состојба, очекуваме повеќе зеленило, фали светлина, не се осветлени дел од улиците. Под итно треба да се направи нешто со кучиња скитници, изјави Џемал Абдиу од Движењето против коцкање.

Голем дел од прашањата беа поставени и во однос на работата на општината во насока на унапредување на животната средина. На прашањата поставени од граѓаните одговараа дел од раководителите на сектори.

-Буџетот на општина Тетово за инвестициони капитални работи изнесува 5,8 милиони евра. Ние во прва фаза за потребите низ градот имавме состаноци со советниците и сега ги слушаме предлозите на граѓаните. После тоа ќе ги хармонизираме две страни и ќе се одлучи зкаде ќе се даде приоритет, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.

Средства во висина од 25 милиони денари за експропријација, 10 милиони денари за Генерален урбанистички план и слично се дел од ставките во буџетот за кои првично се предвидени износи за реализација.

Тагови: канализацијаотворен денулици

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

СВР Тетово повика да се пријавува оставање на кучиња на улиците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!