• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Граѓаните се жалат на преполни контејнери и смет околу нив-Општина Тетово најави голема еко акција во понеделник

18/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Родителите на учениците од ОУ „Гоце Делчев“  алармираат дека повеќе по еден месец од нивниот јавен протест се уште не е решен комуналниот неред пред школскиот двор каде се поставени контејнери за оставање на смет.  Контејнерите се речиси постојано полни, а смет има околу нив поради што се собирата бездомни кучиња.

-Иако ни беше ветено на средба со градоначалникот Биљал Касами дека контејнерите ќе се тргнат од пред школото, тоа не е направено.  И понатаму контејнерите се преполни со смет, често пати отпад има околу нив, па се собираат кучиња скитници. Така и понатаму децата се во опасност да бидат нападнати од бездомните кучиња, а потенцијална опасност од зарази е и самиот расфрлан смет, изјави Дарко Петровски, член на родителската група која реагираше во февруари.

Од друга страна Општина Тетово денес најави дека во понеделник по повод Денот на пролетта 21-ви март ќе се организира голема еко акција за чистење во градот. Општина Тетово апелира на масовна вклученост на граѓаните во акцијата.

-Планирано е акцијата да опфати повеќе локации (критични точки, основни и средни училишта, диви депонии. Ги повикуваме сите заинтересирани поединци, здруженија, организации (нво), компании, политички партии, да се приклучат на акцијата. исто така, се повикуваат сите кои можат да помогнат со механичка или друга опрема, со цел акцијата да биде навистина ефективна и успешна, се вели во повикот.

Од општината повикуваат и стопанствениците да се вклучат во акцијата со расчистување на просторот пред нивните објекти.

-По тој повод, се известуваат сите трговци, сопственици на локали, продавници, ресторани, кафе барови, да се вклучат со свој придонес во акцијата преку чистење на просторот пред нивните локали. Дејствувајќи сите заедно, можеме да успееме да го направиме Тетово почист град, каков што сите посакуваме да биде. Заинтересираните, за подетални информации можат слободно да ни пишат на следниот е-маил : proffice@tetova.gov.mk. Сите заедно, за почисто Тетово, какво што го сакаме, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово.

По преземањето на власта новиот градоначалник најави еко акција за чистење во ноември. Таа беше одложена поради трагедијата во Бугарија при што загинаа 45 луѓе меѓу кои и жители на Тетово.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Приведени две лица-предизвикале пожар во казино по што се повредени двајца полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.