43 годишна жена од Тетово вчера 24 јули пријавила измама во тетовската полиција. Таа во изјава за СВР Тетово истакнала дека пред неколку месеци била измамена од 32-годишниот А.К, кој и ветил дека ќе и помогне да се вработи во државна служба.
Заинтересирана за таквата можност таа му поверувала и му дала дала 1000 евра и повеќе документи. Откако поминале повеќе месеци и утврдила дека ветувањето било лажно го пријавила случајот во полиција.