Носителката на листа на коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска денес во изјава за медиумите се осврна на потребата од поддрршката на спортот и културата.
-ВМРО-ДПМНЕ во својата програма “Обнова” се обврзува на еден денар за спортот и еден денар за културата, кои ќе се издвојуваат од акцизите за нафта и нафтени деривати. Тоа се истите акцизи кои СДСМ, за само три години, дури двапати ги покачи. Почитувани, го трчаме последниот круг од нашата изборна трка. Секој ден сме се’ побројни и се’ погласни. Претпладневната агенда ја започнавме со спортски марш, во организација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар. На овој марш жените симболично дадоа поддршка за спортот и за младите, рече Стојаноска.
Попладнево Стојаноска заедно со кандидатот за пратеник од Тетово, Александар Велјановски се во посета на Блаце при општина Брвеница.