Носителката на кандидатска листа со пратеници во ИЕ 6 од редовите на коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска заедно со другите кандадати за пратеници во Тетово денес ја посети Шарена џамија како и паркот пре објектот и реката Пена.
-Со кандидатите за пратеници Фуркан, Ајдоган, Валентина и Анита ја посетивме Шарена џамија покрај самата река Пена. Шарената џамија и реката Пена се едни од најзначајните и најубави обележја на градот Тетово. Денес тие не потсетуваат и опоменуваат дека и покрај тоа што се наша гордост треба да бидат и наша обврска. И затоа ќе ги потенцирам две од шестте стратегиски определби на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за периодот 2020-2024 а тоа се, прво одржување на добри меѓуетнички односи, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и секако еднаквост на сите пред законите и второ заштита и унапредување на животната средина. Ние се обрвзуваме дека Македонија ќе ја исправиме, истакна Стојаноска.
Носителката на листата и кандидатите за пратеници оставрија и средби со спортски работници.
А.С