• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Да ја спасиме Попова Шапка“ : На државно земјиште нелегално се градат 80 објекти, итно да се постапи за прекин на градбите

27/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ испрати барања до повеќе институции од кои се бара итно преземање на мерки со цел да се спречи нелегално градење на нови објекти околу скијачкиот центар и викенд населбата.  Барањата и доказите се доставени до градоначалничката на Тетово, СВР Тетово, Обвинителството, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Министерство за транспорт и врски.

-Ова е барање на многу жители, сопственици на викендички и хотелиерски субјекти. Во комуникација со градежниот инспекторат, истите потврдуваат дека од Полициската станица – Попова Шапка редовно им стигнуваат дописи дека во викенд населба Попова Шапка никнуваат објекти и при тоа се узурпираа земјиште, кои немаат никаква правна документација врз тоа каде градат. Врз база на податоците што ги имаме моментално се градат околу 80 објекти во парцели каде што имотно правните односи на инвеститорите се спорни, бидејќи истите се градат во државно земјиште (узурпација), се вели во дописот на иницијативата.

Хамди Сулејмани од Иницијативата вели дека ќе побараат личен ангажман на градоначалничката околу надминување на проблематиката.

-Комуналните градежни инспекторати да постапат по законски регулативи и да почнат да ги разгледат сите предмети по редослед. Да не се спроведува постапка за легализација на дивоизградени објекти  и да не се дава позитивно решение за објекти кои се градени после 2011. Градежниот инспекторат да не дозволува објектите кои се почнати да се градат со оглед дека за истите постои записник за прекин на градбата. Се бара од јавното Обвинителство да го истражи овој предмет, во заедничка комуникација со СВР – Тетово и комуналниот градежен инспекторат , и да се постапи по законска регулатива и истите градежни активности да се прекинат и земјените површини кои се узурпирани да се вратат во првобитната состојба, вели Сулејмани.

Од Иницијативата посочуваат и образложуваат дека на Попова Шапка се прекршуваат голем борј одредби од законот за градење.

А.С

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

СВР Тетово апелира возилата да не се оставаат незаклучени како превенција од кражби

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!