• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Двата дена од викендот акциски полициски контроли-дали возачи се под дејство на алкохол

07/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изминатиот викенд (5/6 февруари) од  20 до 2 часот, на подрачјето на СВР Tетово спроведена е акциска контрола на возачи, дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол.

При контролата откриени и законски санкционирани биле 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2), кои управувале возила по дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се  соодветни поднесоци. При контролата, исто така,  санкционирани се и 19 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-11 и ГВ-8).

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол зашто со тоа најдиректно ја загрозуваат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, бидејќи алкохолот мошне негативно влијае на нивната можност безбедно да го управуваат возилото. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека на сите возачи кои управуваат возила по дејство на алкохол им се изготвуваат поднесоци, се исклучуваат од сообраќај и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од степенот на алкохолизираност, се движат од 200 до 375 евра во денарска противвредност, како и со одземање на нивните возачки одзволи од три месеци до една година, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатиот месец (јануари) на поширокото тетовско подрачје поради управување под дејство на алкохол вкупно биле исклучени од сообраќај 72 возачи или двојно повеќе во споредба со минатогодишниот јануари. На гостиварското подрачје, пак, оваа бројка изнесува 25.

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Глутница бездомни кучиња нападнале неколкумина тетовци вчера околу музичкото училиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!