• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Двајца малолетници од скопско во полициски час затекнати во тетовско Озормиште

Од 7 часот во саботата до 7 часот утринава СВР Тетово бележи 5 случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Две од петте лица се малолетници од скопски села кои биле затекнати во тетовското село Озормиште.

07/06/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 7 часот во саботата до 7 часот утринава СВР Тетово бележи 5 случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Две од петте лица се малолетници од скопски села кои биле затекнати во тетовското село Озормиште.

-Сите се приведени во полициска станица каде добиле кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно членот 206 од Кривичниот законик, информира денес Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 41 лице, додека изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 луѓе. Поради полицискиот час нема извршено контроли кај луѓето со решенија од инспекторатот и тие со самоизолација. Во изминатиот 24 часовен период  за неносење заштитни маски изречени се 28 казни.

Граѓаните од сите тетовски општини од четвртокот во 21 часот до понеделник во 5 часот ќе треба да останат во домовите согласно мерката за ограничено движење во насока на спречување на ширење на коронавирусот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Денес се празнува Слегување на светиот дух - Духовден (Света Троица)

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!