• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Двајца нови болни од Ковид-19, вкупно 62-Излечени 16 лица во тетовскиот регион

Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти низ Македонија. Починат еден скопјанец.

22/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за здравство информира дека во тетовскиот регион се бележат два нови случаи на заболени од КОВИД-19 или вкупно 62 луѓе.  Денес се бележат и 16 излекувани лица во тетовскиот регион кои биле болни но нема информација дали биле хоспитализирани или се излечиле дома.

Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти низ Македонија. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.

Во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје починал пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.

Болни по градски центри
§    Скопје – 422
§    Куманово – 342
§    Дебар – 51
§    Штип-34
§    Прилеп –126
§    Тетово – 62
§    Струга – 55
§    Велес – 62
§    Битола –17
§    Охрид –15
§    Кавадарци – 4
§    Гостивар –13
§    Гевгелија – 4
§    Струмица – 2
§    Крива Паланка-4
§    Радовиш – 4
§    Крушево – 3
§    Кочани – 28
§    Пробиштип – 2
§    Кичево – 2
§    Неготино -2
§    Демир Хисар – 1
§    Македонски Брод -2
§    Пехчево- 1
§    Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141  и Систина со PCR метода  -31.  Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Лаптоп компјутери за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.