Возач и сопатник во камион се повредени откако утринава околу 6 часот и 30 минути се превртеле со возилото на автопатот Тетово-Скопје. Поради повредите сопатникот е задржан во тетовската болница за опсервација.
-“Товарно мотороно возило марка мерцедес се загубилот контрола, излетало и се превртело на десната страна од коловозната лента на на автопатот Тетово-Скопје кај Добарски натпатник. Во возилото повредени се возачот Ф.А (48) од Порој и Б.З (29) од Селце. Однесени се во тетовската болница за укажување на лекарска помош, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Од таму апелираат и предупредуваат на поголема внимателност кај возачите во овој период од годината поради маглата, врнежите од дожд, појава на голомразица, како и одрони од камења.
А.С