Двајца жители на Тетово на 32 и 68 се приведени во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден поради пријави за нив како извршители на семејно насилство во два одвоено случаи, информира СВР Тетово,
Во првиот случај, вчера во 16 часот и 30 минути, 54-годишна жена во СВР Тетово пријавила дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во градот физички била нападната од нејзината 28-годишна снаа. Потоа 28 годишната жена била нападната од 32 годишниот сопруг.
-Пријавениот сопруг на 28-годишната тетовка лишен е од слобода и задржан е за целосно расчистување и документирање на случајот, потенцираат од СВР Тетово.
Во полицијата во Тетово за дваесетина минути стигнала уште една пријава.
-Шеесет и тригодишна жителка на тетовско село вчера во 16 часот и 50 минути пријавила дека еден час пред тоа во нивната куќа физички била нападната од нејзиниот 68-годишен сопруг. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.
А.С