• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Движењето Анти Коцкање со отворено писмо до премиерот поради отворање нови казина и обложувалници

30/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Анти Коцкање од Тетово информира дека е испратено отворено писмо до премиерот Зоран Заев, за како што велат, дозволувањето за помпезо отворање на ланец обложувалници. До комисијата за финансирање и буџет е пратено писмо за непочитување на сегашниот закон.

– Во моментот кога Европа ни ги згасна светлата се запалија светлата на ланец обложувалници,светлата од свеченото отварање на казино насред Скопје со странски капитал. Република Северна Македонија станува Балкански Лас Вегас со низок стандард и пренагласено коцкање,ова е срамно, се вели во писмото.

Тие бараат одговорност од премиерот.

-Господине Премиер овие обложувалници и казина не паѓаат од небо туку вие и Министерството за Финансии им давате дозвола,затоа да не се чудиме зошто останавме дел од Балканскиот Полуостров бидејќи овој ланец на обложувалници е само во Босна и Херцеговина,Србија и во Континентот Африка. Замислете нивното мото е “Животот е игра” ако и вие го мислите истото ви укажуваме дека сте во грешка бидејќи при средбата со нас ви укажувавме дека со комар не се оди во Европска Унија, се наведува во дописот.

Од движењето потенцираат дека се фрустрирани со оваа состојба.

-И со право се сомневаме за соработка помеѓу институциите кои треба да се борат против оваа девијантна појава од една страна и компаниите на игри на среќа од друга страна. Ние Движењето Анти Коцкање од вас очекуваме дислокација или затварање на постоечките објекти бидејќи така изјавивте и ветивте а не да им се овозможува влегување на нови компании. Коцкањето е злостор – ство,,злосторството не се толерира,не дозволувајте разрушување на хармоничните семејства, се вели во сопштението.

За недонесување на нов закон за игри на среќа,писмо е испратено и до Претседателот Стево Пендаровски.

 

 

Тагови: Анти коцкањеотворено писмо

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Само целосна пристапност и еднаквост ќе значи подобар живот за лицата со хендикеп

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.