Движењето против коцкање од Тетово одржи симболичен перформанс со поставување ткн.лавиринт со цел да укажат на последиците од коцкањето и игрите на среќа. Воедно оваа активност според движењето е протест и револт кон државните институции поради неизменување на законот за игри на среќа.
-Почнавме една иницијатива после подолго време и еден вид протест и притисок на власта и комисијата за финансисрање и буџет. Се одлучивме да се направи овој лавиринт и го нарековме „Лавиринт на живот-стапица или надеж“. Ова е еден вид симулација на казино влегување во темни лавиринти со многу несакани последици и лаги. Со тој лавиринт на животот и многу луѓе пред нас што влегле и завршиле со тешки последици со самоубиство, изјави Џемал Абдиу од Движењето.
Дел од изведбата со лавиринтот на коцкањето, според Абдиу, е обидот и да се најде излез од коцкањето како порок.
-Единствена цел по влегување во овој лавиринт да се следи светлината и интуицијата и никако не смееме да застанеме внатре. Односно да се фокусираме на таа светлина и да ја следиме со цел да ја најдеме суштината на животот,да не веруваме во феномени како казина и да одиме напред, изјави Абдиу.
Ваквиот перформанс со лавиринт Движењето ќе го спроведува и во наредните саботи во Гостивар, Охрид, Прилеп, Скопје и Струмица.
Движењето против коцкање води кампања во која бара објектите каде се приредуваат игри на среќа да бидат 3 километри надвор од населените места градовите , да се одвојува 5% од буџетот од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, како и да се направи национална стратегија за едукација околу опасностите кои ги предизвикува коцкањето.