• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Деветнаесет години од загинувањето на 8 војници и полицајци кај тетовско Вејце

Во пресрет на 19 годишнината од загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во 2001 година патот Селце-Вејце, Одборот на бранители на Македонија денеска преку соопштение до јавноста им оддаде почит со оглед дека поради состојбата со коронавирусот не може да се оддржи одбележувањето на годишнината.

27/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во пресрет на 19 годишнината од загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во 2001 година патот Селце-Вејце, Одборот на бранители на Македонија денеска преку соопштение до јавноста им оддаде почит со оглед дека поради состојбата со коронавирусот не може да се оддржи одбележувањето на годишнината.

– Се навршуваат деветнаесет години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце- с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани  8  припадници на специјалните единици „Тигри“ и на Волци“. Во неможност да го посетиме местото на настанот на овој ден, да положиме свежо цвеќе и се поклониме  од познати причини, сакаме на овој начин да им изразиме почит на нашите херои кои ги дадоа своите млади животи за наше подобро утре. Обврската на бранителите и сите граѓани кои го сакаат ова мало парче земја секогаш си стои, а таа е да се почитуваат сите кои го положиле својот живот за неа. Споменот на оние кои се вградија во темелите на Татковината, и кои покажаа како се сака истата нема да избледи, никогаш, се вели во соопштението на Одборот на бранители на Македонија.

На 28 април 2001 кај месноста Брезовица на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина, загинаа Марјан Божиновски(27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск (28)Игор Костески (26) и Миле  Јанески (30).

А.С

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Обвинител наредил да се испита Ковид-19 кај починато лице

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.