Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ ќе се одржува по деветти пат во Тетово од вечерва до 15-ти октомври најавија организаторите на прес-конференција. Вечерва отворањето на фестивалот е со филмот „Егзил“ на режисерот Висар Морина од Косово од 19 часот во центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.
-Сметам дека ова издание на фестивалот е едно од најјаките досега. Годинава мотото е „Емиргација,евакуација“- голем проблем на нашето време. Во време на пандемија кога се отворија границите автобусите се полни со луѓе кои сакаат да одат надвор, изјави Сабедин Селмани.
Ќе бидат емитувани 14 долгометражни и 56 краткометражни филмови.
-За Тетово е карактеристично што ќе се прикаже документарецот „Тетово“ на авторката Билјана Гавранлиева, која веќе не е меѓу нас, но се успеа филмот да се доработи во нејзино име. Филмот е за тетовчани, изработен од тетовчани, рече Селмани.
Краткометражните филмови ќе бидат прикажаните онлајн, додека долгометражни во голема сала на центарот за култура согласно протоколи за ограничен број на посетители и само со добиена резервација на место.
А.С