Општина Тетово информира дека за вечерва од 21 часот на општинската територија е планирано да се изврши дезинсекција за истребување на возрасни комарци и други штетници.
Поради тоа граѓаните кои се занимаваат со пчеларство треба да преземат заштитни мерки.
-Поради дезинсекцијата потребно е засолнување на пчелите во нивните сандаци, обезбедување на потребната количина вода и да не ги напуштаат своите сандаци 5-6 часа по третманот на територијата, информираат од општината.
Дезинсекцијата ќе се изврши во вечерните часови по 21 часот до раните утрински часови следното утро, доколку има поволни временски услови.
-Во случај на дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе биде откажана за следниот ден или за друг ден со подобри климатски услови, соопштуваат од тетовската општина
За дезинсекција ќе се користи средство KULFAK 50 EC растворен врз основа упатството за употреба на производителот 40 ml/1ml.
А.С