Во престрелките во кумановско Диво Насеље во 2015 година загинаа осум припадници на специјалната полиција од кои двајца се од тетовскиот регион Жарко Кузмановски од Брвеница, роден 1981 година и Сашо Самојловски од Тетово роден 1982 година.
Загинаа и Горан Илијевски од Гостивар, Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ сите четворица од Скопје.
-Шест години непребол и сеќавање нашите колеги,хероите од кои ги положија животите во кумановско Диво Насеље,шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Датум завиен со црна лента во нашаа историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината, порачаа од Македонскиот полициски синдикат.