• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Денес штрајкуваше судската администрација

Тие побараа регулирање на исплата на платите и правичен третман со судиите. 

15/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Штрајк денес одржаа членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ и Здружението на судска администрација. Тие побараа регулирање на исплата на платите и правичен третман со судиите.

-Денес се собравме овде пред судската зграда ние членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ и здружението на судска администрација да го искажеме незадоволството на вработените во Судската служба и против одлуките на судскиот буџетски совет кој на разни начини е опструира и не сака да ги врати парите од штрајкот на дел од вработените а кои пари преку преговори и разговори со Владата на РСМ ги обезбеди Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација како и против одлуките за додатоци за лата за септември и октомври, истакнаа од Синдикатот.

Пораката од овој протест е следна:

-Апелираме до судскиот буџетски совет да ја прекине праксата на дискриминирачкиот и игнорантскиот однос спрема судската служба со донесување на одлуки според кои пари за судиите секогаш има, а за судската администрација нема.

-Да прекине со создавање на раздор, незадоволство и револт со ваквите одлуки меѓу вработените

-Да покаже искрени намери во градење на градење на ефикасно судство како стратешка определба на РС Македонија со тоа што ќе отпочне да го намалува, а не да го зголемува јазот меѓу судиите и судската служба

-Бараме итно да да им бидат исплатени парите на нашите колеги од судска полиција, помошно-техничкиот персонал, на пензионираните, на вработените кои имаат најниски примања.

-Апелираме до Вас и вашата совест да ја разбудите и видите реалноста. Непочитувањето закони и прописи кога се во прашање вашите интереси. Кога сме во прашањае сите ние вработените, судските службеници, судската полиција и помношно-техничкиот персонал, за нас нема пари или секое решение што оди во наша користат за вас е назаконско наоѓајќи разно разни изговори.

-Судството не се само судиите, туку дел од тој тим се и сите вработени во судската служба, кои заслужуваат еднаков третман. Перпцепцијата за судството и дома но и пред меѓународната заедница ќе се подобри само кога целиот тим заеднички и посветено ќе работи за истата цел.

Затоа бараме од Министерството за правда итно да пристапи на:

-Измена на законите да утврди поинаква позиција а Судската служба независна од милоста на судскиот буџетски совет и да формира посебно тело кое ќе биде одговорно за нас.

-Задолжително да имаме претставник во Судскиот буџетски совет
-Задолжително да имаме претставик во Советот на судска служба

 

Тагови: судска администрацијаштрајк

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Денот на ослободување на Тетово по долго време ќе се одбележи со пригодна свеченост

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!