• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври одбележан пред Споменикот на Револуцијата

Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври во Тетово се одбележа пред Споменикот на револуцијата. Беше интонирана химната, оддадена почит со минута молчење за сите кои ги дале животите за Македонија како и со положување цвеќе.  За значењето на Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври пред присутните зборуваше Бранислав Светозаревиќ, доктор по историски науки

23/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври во Тетово се одбележа пред Споменикот на револуцијата. Беше интонирана химната, оддадена почит со минута молчење за сите кои ги дале животите за Македонија како и со положување цвеќе.  За значењето на Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври пред присутните зборуваше Бранислав Светозаревиќ, доктор по историски науки.

-И после 126 години од формирањето на ВМРО не бледнее сеќавањето, не бледнее светлината која ја проблесна Македонија во моменти кога навистина беше речиси очајна состојбата на македонскиот народ. Шест интелектуалци покренаа, го повикаа народот на востанието и ние да се приклучиме на оние народи кои имаат своја држава. Никогаш да не заборавиме дека во светот постојат 2000 народи но само 200 држави. Само тој момент треба секогаш треба да ни одѕвонува во главите што значи еден народ да има свој дом. Горди сме на сето тоа, горди на тие достигнување кои ги направија и Илинденците и партизаните, и се надевам дека и понатаму ќе ги следиме нивните стапки.  За жал денеска некои не присуствува на оваа прослава. Како што се партијат СДС, не знам зошто но навистина е тажно да не ги прославуваме овие најсветли мигови од нашата историја и од нашата иднина, истакна во изјава за медиумите Светозаревиќ.

Букети цвеќе пред Споменикот положија делегации на Армијата на Република Македонија, Сојуз на воени инвалиди, здружение Македонски херои 2001, Демократска партија на Србите и Српската заедница во Македонија, општински комитет на ВМРО Народна партија од Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. Одбележувањето го органираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација.

Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. По тој повод денешниот ден е прогласен за неработен.

 

Тагови: 23 октомвримакедонска револуционерна борба

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Општинската организација на СДСМ Тетово го честита 23 Октомври Денот на македонската револуционерна борба

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.