Од 101 нов случај со Ковид-19 во Македонија според најновите информации на Министерството за здравство во тетовскиот регион има 19 новозаболени. Со новите случаи во тетовско се бројат вкупно 534 дијагностицирани лица со Ковид-19 од кои активни се 325.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од кои 10 се во тетовскиот регион. Вкупно оздравени имаме 161 лице во тетовско. Бројот на починати останува 38.
Низ Македонија има пет починати лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942. извештај. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на Ковид-19.