• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Десет јавни чешми во тетовските села со неисправна вода за пиење

25/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Водата за пиење од десет јавни чешми во рурални места во тетовско не одговара според соодветниот правилник за безбедност и квалитет на водата за пиење, покажале најновите испитувања на Центарот за јавно здравје од Тетово. Поради тоа таа вода не се препорачува да се пие се додека не се дезинфицира.

-Според Правилникот за барање за безбедност и квалитет, водата за пиење не одговара во следните населени места: с.Теарце-Амбуланта, берберница кај Горна Џамија, с.Доброште, куќа на Македонско маало, чешма кај Џамијата (Општина Теарце), и во с.Селце чешма кај Џамија, чешма помеѓу с.Селце и с.Вејце кај бачилата, с.Вејце чешма кај мост, чешма кај Џамија, с.Ѓермо чешма кај река, чешма кај Џамија, чешма под школо-Пасишта (Општина Тетово),стои во соопштението на Центарот за јавно здравје до Центарот за управување со кризи.

Според д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија и хигиена во Центарот за јавно здравје од Тетово, станува збор за микробиолошка неисправност.

-Забележано е присуство на доминантно колиформни бактерии кои не се од фекално потекло, но се индикатор дека ако не се дезинфицира водата може да настанат проблеми по човековото здравје и посебно во гастро-интестиналниот тракт (внатрешни органи), потенцира Давидовски.

Стручното мислење и препораката кои се доставуваат до државниот здравствен и санитарен е да не се пие таа вода се додека со дезинфекција не се доведе во ред водата за пиење.

-Причини за ваквите појави е што не се врши соодветно одржување на изворите, каптажите и водоводната мрежа. Потоа, немање на заштитни зони околу изворите со вода. Трето, најголемата причина е невршење на дезинфекција што најчесто се прави со хлорни препарати, вели д-р Давидовски.

 

Според шест месечниот извештај на Центарот за извршени испитувања на мостри вода во руралните места покажуваат 65,52 % бактериолока неисправнност и 11,33 % физичко-хемиска неисправност (матност)

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

СВР Тетово со подготовки за безбедно одржување на празникот Голема Богородица во Лешок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!