• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дефектот саниран по 12 часа, делови од Тетово и понатаму без вода

06/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Јавното комунално претијатие „Тетово“ објави дека по интензивна работа заврши санирањето на дефектот на водоводната мрежа поради пукната цевка Ф300 на улицата Цветан Димов во Тетово. Сепак утринава во Тетово се уште нема вода во дел од домаќинствата, а според неофицијални информации појавени се нови проблеми и дефекти во водоводната мрежа, за што податоци се очекуваат во текот на денот од раководството на комуналното претријатие и општината.

Над 12 часа беа потребни да се санира дефектот и имаше прекин во водоснабдувањето во градот. Откако вчера започнаа во 11 часот и 30 минути, санацијата работниците на ЈКП ја завршија околу полноќ по што поголем дел до домаќинствата добија вода за пиење.

-Вработените од единицата Водовод и канализација при ЈКП Тетово работеа 12 часа нон-стоп, во климатски услови и поројниот дожд за да го оттстранат големиот дефект во водоводот на Ф-300 на главната водоводна мрежа на Тетово на улицата до Полициската станица во Тетово. Како резултат на овој дефект, поголемиот дел од градот Тетово остана без вода за пиење. Сакам да им се заблагодарам на овие луѓе за нивната неуморна работа која траеше до доцните ноќни часови и која ни овозможи на нам граѓаните повторно да имаме вода , со оглед на фактот дека сме во летната сезона и во пандемични времиња, кога водата се претставува примарна и суштинска потреба. Им благодарам на граѓаните за трпеливоста, солидарноста и разбирањето кои ги имаа во текот на денешниот ден во периодот без вода за пиење, но најмногу на посветеноста и максималната жртва на работниците во ЈКП Тетово за да го вратат во функционална состојба системот за водоснабдување на Тетово, истакна градоначалничката Теута Арифи на профилот на социјалната мрежа Фејсбук.

Поради големиот дефект околу 60 отсто од градот се соочи со прекинот во водоснабдувањето.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Нови дефекти причина повторно речиси цело Тетово да нема вода

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!