• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дигитализирани слики од Тетово 1919 година, скици од „Тетекс“ од 1950-промоција на Архивот на Хрвати во Тетово

09/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со мислата на Антун Густав Матош, „само варварин може да ја исмејува историјата“, вчера во Тетово Македонско – хрватското друштво ја промовираше дигиталната платформа „Архив на Хрвати во Македонија“, достапна на www.arhivhr.mk преку која се опфатена околу 80 имиња на истакнати Хрвати: универзитетски професори, архитекти, уметници, економисти, правници, спортисти, актери, но и дигитализирани фотографии, уметнички слики и друг архивски материјал.

„Важните јубилеји кои ги прославуваме оваа година, 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Хрватска, 29 години од формирањето на МХД во Скопје и 20 години од формирањето на МХД во Тетово, нѐ насочија кон размислување за една ефикасна заштита не само на овие 30  години, туку и на многу години претходно“, истакна Марко Видачек од МХД.

Пред присутните се обрати претседателот на МХД, Недиљко Ромац, кој се осврна за досегашните резултати на МХД во изминатите 20 години.

Првите допири на македонскиот и хрватскиот народ ги објасни историчарот Љубиша Марковиќ. За уметничката и историската вредност на епохалните дела „Зборникот на Миладиновци“ и „Бели мугри“ издадени во Хрватска говор имаше писателката Славица Дабевска Кировска.

Симона Копривњак од Хрватскиот Форум, говореше за 10-тина Хрвати професори доајени на Медицинскиот факултет во Скопје.

На промоцијата беше посочено, дека покрај бројката од 80-тина имиња, во склоп на истражувањата пронајдени се уште 30-тина имиња на професори и наставници кои работеле во Македонија, а кои во оваа фаза на дигитализација не се опфатени во Архивот, поради некомплетноста на архивскиот материјал и потребата за дополнително истражување.

На промоцијата беа прикажани и две уметнички слики од Тетово на хрватскиот уметник Томислав Кризман, од 1919/20 година. Во делот на разгледници испраќани од македонските градови, прикажани беа две разгледници од Тетово: тетовскиот плоштад и Попова Шапка. Исто така, прикажан беше и материјал поврзан со спортскиот живот во Тетово, како и ангажманот на Томо Каталиниќ, истакнат спортски работник, ракометар и ракометен тренер.

Во склоп на мултимедијалниот дел од архивот, се наоѓаат и скиците за фабриката „Тетекс“ почнувајќи од 1950-та година, дело на хрватскиот архитект Ѓуро Анцел. Во мултимедијалниот дел се наоѓаат и материјали од основањето на МХД во Тетово од 2002 година, прогласувањето на Стјепан Месиќ за почесен граѓанин на Тетово и др.

На настанот беше најавена промоција на книгата „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 година до 1941“ на авторот Зоран Пејковски наесен, а чии истражувања ќе бидат вметнати во архивот по промоцијата во Тетово.

Следна тема која ќе биде детално истражувана е посветена на доаѓањето на Хрватите во Тетово преку фабриката „Тетекс“, за што се очекува и објавување на публикација.

 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Кучињата скитници станаа „вечен проблем“ во Тетово, нови најави за трајно решение

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.