Во тетовската полиција вчера во 16.30 часот било пријавено дека на улица ,,146„ во тетовско Мала Речица, додека Б.Ј.(30) обработувал земја пронашол една рачна бомба корозирана без ознаки.
Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.