• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Доделени награди на меѓународниот натпревар за квалитет на мед во организација на здруженија „Полошки мед“ и „Градот на пчелите во Тетово

16/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово беа доделени наградите за пчеларите кои учествуваа на меѓународниот натпревар за квалитет на мед во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Во голем број категории на производство на мед беа доделени златни, сребрени и бронзени медали.

-Сите мостри што беа испратени поминаа две фази-лабораториска анализа на Факултетот за храна на Универзитетот во Тетово како и органолептичка анализа која ја направија 10 члена комисија од 5 држави.  Учествуваат 250 пчелари од 15 земји, изјави Дритон Дикена, од здружението „Градот на пчелите“.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, посочи дека оваа активност за прв пат се случува не само во регионот туку и во државата.

-Добро е што се дава значење, она со што може ние да се натпреваруваме на надворешниот пазар секако и домашниот е квалитетот на медот. Со ваквите манифестации поддржани од Министерството очекуваме масовност и добра промоција и зголемена конкуренција. Со контрола на Агенцијата за храна и правилникот кој беше донесен пред три месеци ќе се овозможи и малите пчелари да добијат дозвола односно да имаа мали производствени капацитети и со самото тоа си ја зголемат конкуретноста да да постигнат повисока цена, рече Димковски.

Министерот потенцираше дека за зголемување на пчелни семејства се послушани советите на пчеларите па е зголемена финаниската поддршка од 600 до 800 денари за развојни категории.

-Оваа 2019година  наместо минимумот од 30 пчелни сандаци за добивање субвенции е намален на десет. Така да очекуваме да малите пчелари влезат во системот на финасирање кај нас. Оваа година се пријавиле 240 илјади пчелни семејства за кои од буџетот ќе има 2, 5 милиони евра, потенцира Димковски.

 

Тагови: квалитет на меднагради

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Климатски услови и даноците најголеми проблеми за пчеларите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.