Нови 81 бизнис и самовработувања ќе се развиваат во Тетовско со грантовите од Оперативниот план за вработување на Владата. На денешната потпишување на договорите во тетовскиот Центарот за вработување беа и министерката за труд и социјала Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан.
-Со ребаланс на буџет дополнителни 200 милиони денари одвјуваме за да може да се спроведат мерките за вработување во државата. Со овие дополнителни средства се обзедуваат пари за 421 бизнис или самовработување на цела територија, а 81 во Тетово. И затоа доделување на грантови ги започнавме тука каде што има најмногу договори, изјави Царовска.
Дел од нив ќе користат по 5 илјади евра грантови за своите бизниси, а има и содружници кои ќе имаат на располагање до 10 илјади евра.
-Досега имаме реализирано вкупно над 750 договори и мерки во Тетово, а се уште има простор бидејќи во опција е мерката „напредни ИТ вештини“, повторно субвенционирање плати каде имавме досега големи резултати. Нашата цел не е само да се регистрира бизнис туку да да се овозможи вработените лица и бизнисот и да ги користи други мерки на вработување. Овие грантисти наредната 2020 ќе имаат можност да аплицираат и за други примери на финансиска помош и поддршка, изјави Билјана Јовановска.
-Во УНДП сме навистина среќни што што се реализираат овие договори. Овој програм даде одлични резултати. Разговараме за дополнителни средства бидејќи програмите се ориентирани кон резултати. Добро е што има млади луѓе како апликанти, рече Нарине Сахакјан.
Оваа година според министерката Царовска, вредноста на договорите ќе достигне 8 милиони евра.