• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ДОМ со нова канцеларија за општинската организација во Тетово

-Нова канцеларија за општинската организација на Демократска обнова на Македоноија (ДОМ) во Тетово вечерва беше отворена на улицата „Гоце Делчев“. Претседателката Маја Морачанин беше присутна на отворањето на новите партиски простории во Тетово.

04/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Нова канцеларија за општинската организација на Демократска обнова на Македоноија (ДОМ) во Тетово вечерва беше отворена на улицата „Гоце Делчев“. Претседателката Маја Морачанин беше присутна на отворањето на новите партиски простории во Тетово.

-Поводот е отворање новата канцеларија на општинска организација, која е меѓу најстарите организации од основањето на партијата во 2006 година. Ова е убава прилика да продискутираме  со членовите и симпатизери за актуелни политички збднувања, она што е приоритет за решавањ во Тетово. Како зелена политичка партија во доменот на нашите програмски приоритети е заштитата на животната средина. Тетово е еден од градовите каде загадувањето на воздухот е приоротет особено во зимскиот период. Ние имаме експерти кои значајно ќе може да придонесат во превентива на оние големи вредности на аерозагадувањето и другите проблеми и како тие да се надминат. Она што е добро што Владата има тековен план за заменување на начин на загревање со субвенционирање на граѓаните, како најголем загадувач, рече Морачанин.

И од општинската организација порачаа дека локално ќе дејствуваат во насока на намалување на загадувањето на воздухот и животната средина.

– Во рамки на максимата „Мисли глобално, делувај локално“ ќе се обидеме да бидеме инцијатори кои ќе ги потсетува сите советници дека треба континуирано да се работи во оваа насока. Двонеделно ќе доставуваме предлози и решенија со поткрепени финансиски анализи, писмено до општина и пред медиумите да ги насочиме и да издејствуваме поголема аквности. Во наредниот период ова е потребно поради два важни проекти- носењето на нов Генерален Урбанистички План  и најавата за решавање на судбината на Попова Шапка, изјави Валентин Тасески од општинската организација на ДОМ во Тетово.

 

Тагови: домнова канцеларијаопштинска организацијаТетово

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Граната од Втора светска војна најдена при копање во нива во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.