Гинеколошкото одделение при Клиничка болница Тетово денес доби донација од Општинската организација на Црвен крст Тетово. Станува збор за опрема и средства со кои може да се врши заштита на лекарите и медицинскиот персонал од Ковид-19 при нивната секојдневна работа.
-Општинска организација на Црвен крст Тетово, денес додели помош на Клиничка Болница Тетово-Гинеколошко одделение во делот каде се третираат родилките и новороденчињата. Помошта се состои од заштитни маски за лице, заштитни мантили, визири, заштитни ракавици, средства за дезинфекција на раце, средства за миење на раце и друго, соопштија од тетовскиот црвен крст.
Црвениот крст помошта ја има добиено од донаторот црквата ЛДС од Соединетите Американски Држави.
А.С