• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ДПА : Mинистерството за култура фаворизира проекти и вработувања

25/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес конференција обвини дека Министерството за култура е нов бастион на вработување со договор за партиските војници на партијата на министерот. Според нив нема вработени во соодветни сектори врз база на пропорционална систематизација на вертикалено и хоризонтално рамниште.

-Во оваа институција настанал вистински хаос од оние кои склучиле договор на дело а кои сега се соочени со неизвесноста за нивната иднина по изборите кои ќе се одржат на 12 април, истакна Садије Илјази, претседателка на партиската комисија за култура.

Од партијата сметаат дека објавувањето на резултатите од годишниот Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2020 година остава простор за сомнежи дека при распределувањето на средствата имало манипулации преку фаворизирање на проекти.

Тие предлагачи имаат поврзаност со партијата или со соработниците на кабинетот на министерот. Ова лесно се воочува споредувајќи ги енормните финансиски средства наменети за здруженија или активности на овие предлагачи со средтсвата наменети за проектите на останатите предлагачи во истите полиња на дејност. Паѓа во очи фаворизирањето на уметниците кои се познати само во  територијата на државата или ни толку, во однос на уметниците познати и во меѓународната арена, истакна Илјази.

Таа потенцира дека националната програма за култура, како интегрален документ, треба да ги почитува и да ги применува уставните начела за слобода во творештвото и за еднаквоста на можностите во рамките на културата, за сите граѓани на Република Северна Македонија, односно за сите етнички заедници и истовремено да овозможи децентрализација на системот и реално реорганизирање на институционалниот систем и на администрацијата.

А.С

 

Тагови: дпапресс конференција

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Тетовската касарна одбележа 76 години од смртта на патронот-народниот херој Кузман Јосифовски Питу

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!