• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Вести

Драган Стојчевски на 41 година стана балкански првак во бодибилдинг и фитнес-потребни се месеци за подготовки 

06/09/2020
во Вести
0
SHARES
628
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Тетовчанецот Драган Стојчевски на 41 година стана балкански првак во бодибилдинг и фитнес во категоријата на мажи „Мастер Физик“ од 40 до 49 години на шампионатот што се одржа во Романија овој викенд. За да се победи со своето тело на ваков натпревар Драган објаснува дека се потребни повеќе месечни подготовки.

-На натпреварот судиите го оценуваат атлетското тело на натпреварувачот кој настапува. Се оценува едноставно целината на телото на бодибилдерот при што се согледува дефиниција и симетрија на тело.  Освен тоа потребно е да има и добар изглед на кожата. За се тоа потребни се повеќе месечни подготовки и внимањето на исхраната и практикување на редовни тренинзи, вели Стојчевски.

Тој се подготувал од септември 2019 година, со тоа што првично ова балканство првенство требало да се одржи годинава во мај.

-Од лани интензивно се спремав се до февруари-март.  Како секаде и за ова натпреварување се се одложи поради пандемијата. Потоа се одложуваше се до овој викенд од 4 до 6 септември.  Голем предизвик беше да се одржи кондицијата односно да се одржи топењето на мастите и да остане мускулатурата. За таа цел и ослабев, а постојано бев во исчекување. Голема потешкотија за мене беше периодот во јули кога почина мојот татко, моја голема поддршка за ова натпреварување и воопшто во животот, вели Драган, кој победата ја посветува токму на својот родител.

Во периодот јули-август сепак успеал да продолжи да се подготвува.

-Јас се подготвував цело време со тоа што главна насока беше топењето на мастите во организамот. Тоа подразбираше вежбање бодибидлинг во теретана секојден со од понеделник до сабота секоја мускулан група по еднаш и после тренинг во теретана уште 45 минути сум трчал. Влегов во еден тежок и напорен процес да се стопат мастите и да остане месо на мене. Целта е баланс на вежбањето и внимање на исхрана.  Мастите мора да се извадат да остане квалитет мускулатура, објаснува Драган Стојчевски.

На балканското првенство во градот Дробета-Турну Северин во Романија учествувааа 126 натпреварувачи од 9 земји. Сега предивик за Драган ќе биде Европското првенство во Шпанија (15-21септември) но тоа зависи од состојбата од корона пандемијата и можноста да се патува таму.

Драган со спортот започнува од детството кога почнал да тренира атлетика, спорт со кој се занимавал изминатите децении.  Во 2004 бил ја добил титулата Мистер на Македонија, а во 2006 и Мистер на Европа.

А.С

Поврзани објави

Вести

Ковид центар Тетово : Eдинаесетте починати не се од еден ден, има софтверска грешка

26/01/2021
Вести

Тетовскиот регион со рекордни 11 смртни случаи поради Ковид-19

26/01/2021
Вести

Булеварот „Благоја Тоска“ опасен по здравје поради бездомни кучиња, пријавени две каснувања

26/01/2021
Вести

Тетовски полицајци евакуирале семејство од Попова Шапка и ги однеле дома во Скопје

26/01/2021
Вести

Министерката Ирена Стефоска : Наша цел е во најбрз можен рок да се заврши новиот објект за театарот и библиотеката во Тетово

25/01/2021
Вести

Затрупан патот во викенд населбата на Попова Шапка, чекаат да се расчисти за да излезат од објектите

25/01/2021
Следна објава

Прва првенствена победа на ЖФК Љуботен со 1-0 над ЖФК Плачковица

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!