Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовско се 24.
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од кои 41 се од тетовско.
Сега во тетовско бележи 1024 дијагностицирани, додека активни се 251.
А.С