Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во тетовскиот регион се бележат двајца заболени од Ковид-19, додека еден е излекуван. Сега има вкупно 105 активни случаи и болни лица. Вкупно дијагностицирани се 1260 лица.
Полицијата на тетовското подрачје евидентирала 88 казни поради неносење на задолжителните маски за заштита од превенција од Ковид-19.
Низ Македонија има направено 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент. Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.
А.С