Еден нов случај на заболен од Ковид-19 во тетовско со што активно болни има 164 луѓе, додека вкупно дијагностицирани има 1211 лица.
За неносење заштитни маски на 35 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.