• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Еден повреден во пожарот во Тетово, огнот зафатил две куќи

28/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Повреден е сопственикот на куќата во која избувна пожар околу 19 часот во тетовската населба Колтук, се првичните информации кои ги соопшти СВР Тетово. Огнот зафатил две куќи, а беше ставен под контрола од пожарникарите за околу еден час.

-Во СВР Тетово во 19.20 часот е пријавен пожарот во куќа сопственост на И.С (50). Огнот се проширил и на соседната куќа во која никој не живеел. Сопственикот И.С добил изгореници по што е пренесе во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од тетовската полиција.

Соседите од населбата Колтук беа уплашени од силината на огнот бидејќи се создал висок пламен.  Исто така сите куќи во оваа населба на ридест дел се споени една до друга, што било причина за дополнителен страв кај нив од евентуално проширување на пожарот.

-Околу 19 часот слушнав сирена, излегов да видам што е како е, и видов пламен.  Видов дека тоа се соседите над мене, истрачав, гледам чад и пламен 15 метри од кровот нагоре. Со соседите се обидовме да помогнеме со црева и вода од цистерни, знаете овде е специфично со вода. Пожарникари дојдоа на време, благодарност до нив, да задоцнеа за пет минути, ќе изгореше уште некоја куќа. Експлозија немаше но пукаа кабли од струја. Цело маало  Колтук и Два бреста и Горна Чаршија немаат струја, изјави Ивица Ѓорѓески.

Пожарот изби во куќа на улицата „Вукашин Симовски“. Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила. 

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

СВР Тетово секојдневно открива пијани возачи и покрај драстичните казни

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.